Франк Кеси ова лето пристигна во Барселона како големо засилување, но може да го напушти клубот после само шест месеци.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.




Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, па веќе го известил агентот да му бара нов клуб.




Неговиот агент го пондул на италијанските клубови бидејќи Кеси сака да се врати во Италија, но не е исклучен и трансфер во Премиер лигата.




Со оглед на фактот дека пристигна во Барселона како слободен агент, Барселона е спремна да го пушти за 15 милиони евра.