Добрите партии на Лаутаро Мартинез во последно време го обновија интересот кон него од страна на неколку европски гиганти, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Њукасл.
Главна трансфер цел на Њукасл во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва желба е Лаутаро Мартинез.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лаутаро неодамна го продолжи договорот со Интер до 2026 година, па „нероаѕурите“ сигурно нема лесно да го пуштат.
Меѓутоа, Њукасл е спремен да му понуди двојно поголема плата за да го убеди Аргентинецот да се пресели во нивните редови.
Притоа, спремаат понуда од 100 милиони евра, која Интер тешко ќе ја одбие.