Реал Мадрид сака да се ослободи од Еден Азар уште во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.




Азар и оваа сезона не добива голема минутажа и главно е на клупата за резерви, па и тој сака да ја промени средината после Мундијалот.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Реал издвои големо богатство за Еден Азар, но Белгиецот никогаш не ги оправда очекувањата. Проблем за „кралевите“ е што нема понуди и ниту еден клуб не е заинтересиран за 31-годишниот фудбалер.




Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да го раскине договорот, но Азар не го прифаќа.