Дома Фудбал Италија Јувентус под истрага, пронајден таен документ за договор со Роналдо

Јувентус под истрага, пронајден таен документ за договор со Роналдо

Обвинителството од Торино покрена истрага против Јувентус за можните финансиски малверзации направени од 2019-та до 2021-ва година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Обвинителството има сомнежи дека раководството на клубот ги фалсификувале своите завршни годишни извештаи.

Јувентус е под истрага за лажирани сметководствени сметки за време на Ковид пандемијата и под истрага се дури 16 директори на клубот, меѓу кои и претседателот Андреа Ањели и легендарниот Павел Недвед.

„Газета дело Спорт“ открива дека е пронајден еден документ потпишан од Јувентус и Кристиано Роналдо за одложено исплаќање на 20 милиони евра по завршување на Ковид пандемијата, но овој документ досега бил таен и криен од страна на клубот.

Ова го става во непријатна ситуација и Роналдо, бидејќи финансиската полиција сега ќе бара изјави од двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Иранците не сакат повеќе малтретирање во САД, сега на потег е ФИФА!

Фудбалската федерација на Иран ќе поднесе официјална жалба до Меѓународната фудбалска феде…