Интер во зимскиот преоден рок најверојатно ќе го продаде Робин Госенс, кој не се вклопува во стилот на Инзаги.
Кога во јануари пристигна во Интер Робин Госенс требаше да биде засилување за подолги стази. Поранешниот играч на Аталанта прво играше позајмен, а потоа „нероаѕурите“ го откупија неговиот договор за 25 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, првите шест месеци Госенс падна во сенка на Перишиќ, а оваа сезона игра под сите очекувања и главно е на клупата за резерви.
Поради тоа Интер е спремен да го продаде во јануари, а најсилен интерес за него покажува Баер Леверкузен.
„Фармацевтите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и спремаат понуда за зимскиот преоден рок.
Esc- nuovo contatti tra il Bayer Leverkusen e l’agenzia di Gosens, pista che si riapre per gennaio. Ne parliamo su @cmdotcom pic.twitter.com/DpDxqmlvGE
— Daniele Longo (@86_longo) October 26, 2022