Дома Трансфер зона Реал Мадрид заинтересиран за Сон

Реал Мадрид заинтересиран за Сон

Ѕвездата на Тотенхем и најдобар стрелец во Премиер лигата за минатата сезона, Хјун Мин Сон е во трансферниот список на Реал Мадрид.

Јужнокореецот минатата сезона постигна 23 гола во Премиер лигата, а веќе сериозно размислува за следниот чекор во кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сон има договор со Тотенхем до 2025 година, но на крајот на сезоната сака да ја промени средината и да се пресели во клуб со поголеми амбиции.

Реал е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Бензема, а Анчелоти е голем симпатизер на неговата игра.

„Кралевите“ наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент, а на лето ќе испратат богата понуда за Јужнокореецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…