Плејмејкерот на Лестер, Јури Тилеманс ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот следното лето.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и Тилеманс одби да ја продолжи соработката со „лисиците“, што значи дека на лето ќе биде слободен агент.




Англиските медиуми тврдат дека пет европски гиганти веќе ја започнале битката за неговиот потпис.




Имено, Ливерпул, Арсенал, Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед сакаат да го донесат како слободен агент следното лето и наскоро ќе започнат преговори со неговиот агент.




Останува да видиме каков ќе биде изборот на Тилеманс, кој потврди дека сака да игра за тим кој настапува во Лигата на шампиони.