Дома Трансфер зона Гвардиола спреми 75 милиони за ѕвездата на Наполи

Гвардиола спреми 75 милиони за ѕвездата на Наполи

Грузискиот интернационалец Квича Кварацхелија игра одлично во дресот на Наполи, па Пеп Гвардиола и сака да го доведе во Манчестер Сити.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кварацхелија веќе на првите натпревари во дресот на Наполи го воодушеви фудбалскиот свет и покажа дека може да биде нова голема фудбалска ѕвезда.

Наполи за неговиот потпис плати 10 милиони евра, а сега неговата цена вртоглаво порасна.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гвардиола нема да жали пари за да го довесе на „Етихад“ и е спремен да понуди 75 милиони евра за неговиот потпис.

Наполи тешко дека ќе може да ја одбие оваа понуда, но сигурно нема да ја пушти својата ѕвезда на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…