Јувентус оваа сезона не игра според очекувањата, а главниот проблем се посочува во средниот ред на „бјанконерите“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „жртва“ може да биде Винстон Мекени кој ќе биде ставен на трансфер пазарот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со враќањето на Погба на терените, Мекени ќе добива уште помала минутажа, па Алегри дал зелено светло за негова продажба.
Американецот исто така е спремен да ја промени средината, а интерес за него покажуваат Арсенал и Борусија Дортмунд.
Јувентус за неговата слобода бара 20 милиони евра, па доколку споменатите клубови се спремни да ја платат таа сума трансферот може да се реализира во јануари.