Реал Мадрид издвои големо богатство за Еден Азар, но Белгиецот никогаш не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“.




Азар и оваа сезона не добива голема минутажа и главно е на клупата за резерви, па и тој сака да ја промени средината после Мундијалот.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е подготвен да го раскине договорот со 31-годишниот Белгиец и му порачал дека слободно може да си бара нов клуб.




Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Интер и Јувентус, кои се подготвени да го донесат во јануари, но без обештетување.
Доколку Азар се договори за раскин на договорот со „кралевите“ ќе се пресели во Серија А бесплатно.