Италијанските гиганти Интер и Јувентус се силно заинтересирани за напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо.
Фирмињо иако ова лето остана во клубот, сепак падна во втор план, па сериозно размислува да ја промени средината.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Клоп сака да го задржи по секоја цена бидејќи верува дека ќе му биде корисен на тимот, но договорот на Фирмињо истекува на крајот на сеозната.
Италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го доведат како слободен агент следното лето.
Интер и Јувентус веќе стапиле во контакт со неговиот агент и ја започнале битката за неговиот потпис, а самиот Фирмињо е спремен да се пресели во Серија А.