Челзи не се откажува од идејата да го донесе дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павард во своите редови.
Според информациите, Челзи будно ја следи ситуацијата околу дефанзивецот и е спремен да испрати понуда во зимскиот преоден рок.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сините“ уште во летото беа заинтересирани за Павард, но сепак Французинот остана во Минхен.
Иднината на 26-годишниот дефанзивец е неизвесна бидејќи сака да се пресели во Премиер лигата и е спремен да ја прифати понудата на Челзи.
Челзи го сака бидејќи може да игра како десен бек, но и како стопер, а неговата цена е околу 40 милиони евра.