Македонија не одигра во Лигата на Нации онака како што е очекуваше, причини има многу (ТУКА), меѓутоа двајца наши фудбалери се најдоа во идеалниот тим од нашата група.
Очекувано во составот доминираат Грузијците кои ја освоија групата и ќе играат бараж за Европското првенство. Oд нивната репрезентација во идеалниот тим има дури седум фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од нашата репрезентација во составот место добија Енис Барди и Дарко Чурлинов. Преостанатите две места ги популнуваат репрезентативците на Бугарија, Недјалков и Десподов.