Дома Фудбал Италија Киеза може да се врати за дербито со Милан

Киеза може да се врати за дербито со Милан

Ѕвездата на Јувентус, Федерико Киеза веќе неколку месеци е надвор од терените поради повреда на вкрстените лигаменти.

Меѓутоа, враќањето на терените за Киеза е блиску бидејќи целосно се рехабилитираше од операцијата на коленото.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Киеза започнал да тренира со остатокот од тимот и се очекува да биде спремен за дуелот со Милан во Серија А.

Дербито со Милан се игра на „Сан Сиро“ на 9-ти октомври, а доколку не се опорави до тогаш, ќе биде спремен за дуелот со Бенфика три дена подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчини незадоволен од ремито со Франција

Роберто Манчини изрази незадоволство по ремито на Италија против Франција, иако многумина …