Светската тениска надеж ја комплетираше најдобрата четврока на УС Опен откако во спектакуларен меч после пет ипол часа игра го победи Италијанецот Јаник Синер со 6:3, 6:7, 6:7, 7:5 и 6:3.
Овој меч сигурно може да се смета и за меч на годината досега. Шпанецот успеа да дојде до третата победа во петтиот натпревар со големиот ривал кој неодамна го елиминираше од „Вимблдон“. За многумина ова е раѓање на едно ново големо ривалство во тенисот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алкараз со победата остана во игра и за првото место на АТП листата на кое може да се најде уште и Руд, па и Надал, но за тоа Руд и Алкараз ќе треба да бидат елиминирани во полуфиналето.
За место во финалето на АТП турнирот Алкараз ќе игра токму со човекот кој го победи Надал Френсис Тиафо, додека Каспер Руд ќе се сретне со Карен Хачанов. Кој од овие двајца ќе го освои турнирот ќе биде нов лидер на АТП. Опција имаат и само со пласман во финалето, но тогаш би требало другиот да не се пласира во финалето.