Дома Топ вести ПСЖ понуди 70 милиони за Скриниар

ПСЖ понуди 70 милиони за Скриниар

ПСЖ и Интер ги обновија преговорите за трансфер на Милан Скриниар, пренесуваат италијанските медиуми.

Утрово сите релевантни француски медиуми објавија дека ПСЖ се вратил по Скриниар со нова понуда и ги обновил преговорите со Интер.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Нероаѕурите“ претходно одбија понуда од 65 милиони евра, но ПСЖ не се откажа и испрати нова понуда од 70 милиони евра, па сега се чека одговор.

Скриниар веќе има договор со ПСЖ и ќе потпише 4-годишен договор според кој ќе заработува 8 милиони евра по сезона.

Интер има финансиски проблеми, но доколку не најде соодветна замена нема да ја прифати понудата, иако Скриниар влезе во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…