Дома Топ вести ПСЖ му го нуди Нејмар на Челзи

ПСЖ му го нуди Нејмар на Челзи

Пари Сент Жермен му понудиле на Челзи да го доведат Нејмар пред затварањето на трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лондонскиот клуб размислува за опцијата, но малку е веројатно дека трансферот може да биде комплетиран ова лето.

Сопственикот на „сините“ Тод Бејли ги исполнува сите желби на тренерот Томас Тухел, а Челзи има потреба од засилување во нападот.

Прва желба е Пјер Емерик Обамејаг и тој трансфер изгледа многу поверојатен, бидејќи напаѓачот е на излезна врата од Барселона.

Од друга страна пак ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар, кој има долг и богат договор, но не е во добри односи со Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…