Дома Фудбал Англија Ливерпул отсечно ја одби и третата понуда за Сако

Ливерпул отсечно ја одби и третата понуда за Сако

Ливерпул одби уште една понуда за својот стопер, Сако.

Сако е на излезни врати од „Енфилд“, особено сега кога Ван Дајк е на чекор од Ливерпул. Сепак, „Црвените“ не сакаат лесно да се откажат од Французинот, па ја одбија и третата понуда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кристал Палас овојпат понуди 22 милиони фунти покрај три милиони исплата во бонуси, но Ливерпул не сака да чуе за цифра помала од 30 милиони.

Некогашниот играч на ПСЖ играше на позајмица во Кристал Палас, кој ќе мора да се потруди ако го сака 27-годишниот дефанзивец. До крајот на преодниот рок останаа уште три дена, па на Палацеу му останува уште евентуално една шанса.

Сако во Ливерпул пристигна од ПСЖ пред неколку години за 15 милиони евра, а изминатата сезона одигра осум натпревари во ПЛ, додека еден дел од сезоната го пропушти поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта не попушта: Барселона поднесе жалба до УЕФА!

Барселона поднесе официјална жалба до УЕФА за судењето во четвртфиналната двојна средба на…