Дома Трансфер зона Белерин се враќа на „Камп Ноу“

Белерин се враќа на „Камп Ноу“

Десниот бек на Арсенал, Ектор Белерин после 11 години може да се врати во клубот каде што поникна – Барселона.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека 27-годишниот Шпанец, кој минатата сезона играше на позајмица во Бетис, може да се врати во Барселона.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Чави бара нов десен бек, а Белерин е најреална опција во моментов. Тој има има договор со Арсенал на уште една година, но неговиот агент работи на раскинување на договорот со „топџиите“.

Барселона работи на тоа да се ослободи од Пјаниќ и Брајтвајт, па со тоа ќе ослободи простор за плата за да може да го регистрира Белерин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…