ПСЖ денес ќе го комплетира трансферот на Фабиан Руиз од Наполи, но сака да донесе уште еден шпански репрезентативец.




Станува збор за капитенот на Валенсија, Карлос Солер, кој е голема желба на тренерот Галтие.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Солер покажа желба да се пресели во поголем клуб, па откако пропадна неговиот трансфер во Барселона, сега е спремен да се пресели во ПСЖ.




Солер влегува во последната година од договорот со Валенсија која се наоѓа во финансиски проблеми и ќе мора да ги продава своите најдобри играчи.




Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ и веќе спремил понуда од 20 милиони евра, која се верува дека Валенсија ќе ја прифати.