Шпанскиот „Диарио“ објави дека Барселона има намера на крајот од сезоната која што само што започна да го врати својот најдобар играч во историјата, Лионел Меси.
Меси си замина од Барселона во ПСЖ и францускиот гигант е само неговиот втор клуб во кариерата. Шпанскиот весник објави дека 35-годишниот Меси одлуката за својата иднина ќе ја донесе после Светското првенство во Катар, меѓутоа според нивни информации поблиску е до враќање во Каталонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ сигурно ќе му понуди нов договор, но Барселона сака да се вклучи во целата ситуација и да го врати Аргентинецот во своите редови.
За можното враќање на Меси во Барселона неодамна зборуваше и првиот човек на Каталонците, Лапорта.
„Се чувствувам должен кон Меси. Сакам да ја заврши кариерата во Барселона и со стоечки овации да го одигра последниот натпревар. Верувам дека може тоа да се случи“, изјави Лапорта.
За разлика од минатата Меси сезонава во ПСЖ започна многу подобро и има три гола на три натпревари.