Шпанските медиуми пренесуваат дека е нарушен односот помеѓу Асенсио и Реал Мадрид и фудбалерот најверојатно ќе го напушти клубот до крајот на преодниот рок.




Проблемот наводно е што на Реал Мадрид не му се допаднал потегот на Асенсио да го ангажира Жорге Мендеш.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Асенсио не одигра ниту една минута против Алмерија и против Ајнтрахт Франкфурт, а Реал сака да го продаде бидејќи влегува во последната година од договорот.




Тој сака да оди на Светско првенство, само што ја врати довербата на Луис Енрике, а ваквиот третман во Реал Мадрид само му го отежнува репрезентативниот статус.




Милан и Ливерпул беа заинтересирани, но веќе се свртеа кон други цели, а Мендеш сака Асенсио да остане уште една година и следното лето да замине како слободен агент.