Милан е во потрага по квалитетен дефанзивец кој ќе биде замена за Ромањоли, кој го напушти тимот ова лето.
Неколку имиња се поврзуваат со трансфер на „Сан Сиро“, но сепак најконкретен интерес „росонерите“ покажуваат за дефанзивецот на ПСЖ, Абду Диало.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
25-годишниот Диало е дефанзивец, но може да игра и како лев бек, па токму поради тоа е прв избор на „росонерите“. Малдини веќе започнал преговори со ПСЖ, кој е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.
Диало пристигна во ПСЖ во 2019 година од Борусија Дортмунд за 32 милиони евра, а минатата сезона запиша 16 настапи за „светците“, но не е во плановите на новиот тренер.
📰 @SkySport: For the central defender position, Abdou #Diallo has passed #Tanganga and #Ndicka. The player can arrive on loan with an option to buy and #Paris can pay part of his salary pic.twitter.com/h0Cefssmic
— Milan Posts 🏆🇮🇹 (@MilanPosts) August 8, 2022