Дома Топ вести Арсенал испрати богата понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал испрати богата понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан и италијански репрезнетативец, Сандро Тонали, пренесуваат медиумите на Островот.

Тонали одигра фантастична сезона во дресот на Милан и беше еден од најзаслужните што „росонерите го освоија Скудетото.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тонали минатото лето беше откупен од Бреша и прифати помала плата за да остане во Милан, па во моментов е еден од најмалку платените играчи во тимот.

Арсенал испратил понуда од 55 милиони евра, која Милан ја разгледал заедно со агентот на играчот, но сепак „росонерите“ се спремни да ја одбијат.

Милан наскоро ќе започне преговори со Тонали за продолжување на соработката и ќе му понуди три пати повисока плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…