Италијанскиот шампион Милан е силно заинтересиран за играчот за врска на ПСВ, Ибрахима Сангаре.




ПСВ го доведе Сангаре од Тулуз во 2020 година, и изминатата сезона тој запиша 49 меча и одигра одлично. Тој може да игра на повеќе позиции во средниот ред, но најдобар е како дефанзивец играч за врска.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Милан е во потрага по наследник на Кеси, па откако пропадна трансферот на Ренато Санчез сега се насочува кон Сангаре.




Во договорот на 24-годишниот играч со ПСВ има откупна клаузула од 35 милиони евра, но Милан сака да го донесе за 20 милиони евра и веќе постигнал договор со агентот на фудбалерот.