Иднината на Френки де Јонг е главна тема во текот на целото лето, а сега конечно би можел да направи трансфер во Премиер лигата.




Холанѓанецот одбиваше да се пресели во Манчестер Јунајтед бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони, а Барса инсистира да го продаде за да се ослободи од неговата висока плата.




Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Во трката за неговиот потпис неодамна се вклучи Челзи, а Де Јонг е спремен да ја прифати понудата и да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.




Според „Спорт“, понудата на лондончани изнесува 70 милиони евра плус Маркос Алонсо, кој е трансфер цел на Каталонците.
Двата клуба се во напредни преговори и се очекува трансферот да биде договорен наредните денови.