Кристијано Роналдо неодамна се приклучи на екипата н Манестер Јунајтед и во припремниот период одигра само 45 минути.




Португалецот минатата недела конечно се појави на „Олд Трафорд“. Поради наводните обврски пропушти поголем дел од припремите и тоа ќе резултира со седење на клупа на почетокот на сезоната.




Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг одлучи Роналдо новата сезона да ја започне од клупата за резерви. Предност пред Португалецот ќе има триото кое играше во текот на припремите: Џејдон Санчо, Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал.




Ова сигурно нема да му се допадне на 37-годишниот Роналдо. Без оглед на годините Роналдо смета дека не е играч за на клупа и ваквата ситуација може да донесе негативна атмосфера во соблекувалната на Јунајтед.