Дома Трансфер зона „Бомба“: Суарез пред трансфер во Милан!?

„Бомба“: Суарез пред трансфер во Милан!?

Шпанскиот весник „АС“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Луис Суарез се договорил со Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


35-годишниот напаѓач е слободен агент откако му заврши договорот со Атлетико, па иако се шпекулираше дека ќе се пресели во САД сепак може да остане во Европа.

Суарез има понуда од новиот калчолигаш Монца, но „АС“ тврди дека Милан испратил понуда за едногодишна соработка и е на чекор од коплетирање на трансферот.

Суарез ја прифатил понудата на италијанскиот шампион која изнесува 4 милиони евра по сезона. Сепак италијанските медиуми се уште не ја потврдуваат веста за интересот од страна на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…