Дома Трансфер зона Ромањоли потпиша за Лацио

Ромањоли потпиша за Лацио

Доскорешниот капитен на Милан, Алесио Ромањоли кариерата ќе ја продолжи во Лацио, пренесуваат медиумите во Италија.

Договорот на Ромањоли со Милан истече на крајот на сезоната, двете страни не се договорија за продолжување на соработката, па дефанзивецот беше слободен агент.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според последните информации Ромањоли кариерата ќе ја продолжи во Лацио, клуб за кого навива од дестсвото бидејќи е роден во Рим.

Двете страни постигнале договор за 5-годишна соработка според кој Ромањоли ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…