Дома Трансфер зона Лапорта: Чекаме одговор од Баерн на понудата за Левандовски

Лапорта: Чекаме одговор од Баерн на понудата за Левандовски

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта даде интересна информација во врска со евентуалниот трансфер на Левандовски на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лапорта откри дека Баерн Минхен се уште не дал одговор на последната пондуда на Барселона за Левандовски.

Барселона последно понуди 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси, а медиумите објавија дека Баварците ја одбиле понудата бидејќи бараат 50 милиони евра во кеш.

„Сакам да му се заблагодарам на фудбалерот за неговата упорност да дојде кај нас. Испративме понуда до Баерн за него и очекуваме одговор се уште. Се надевам дека одговорот ќе биде позитивен и ќе го имаме Левандовски што е можно побрзо“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…