Каталонскиот гигант Барселона покажува сериозен интерес за левиот бек на Челзи, Маркос Алонсо, пренесува „Мундо Депортиво“.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Барселона на таа позиција го има само Жорди Алба, па сака да донесе валидна алтернатива, а прва цел е Маркос Алонсо.




31-годишниот Алонсо е во Челзи од 2016 година, но во последно време го загуби првотимскиот статус и сака да ја промени средината.




Алонсо има договор на уште една година, но веќе побарал трансфер од раководството, но Челзи најпрво сака да донесе замена.