Дома Трансфер зона Мората пред враќање во Јувентус

Мората пред враќање во Јувентус

Алваро Мората е пред враќање во Јувентус, иако италијанскиот клуб не ја искористи опцијата за откуп после истекот на позајмицата од Атлетико Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанскиот напаѓач не е во плановите на Диего Симеоне, додека Алегри силно го посакува во својот тим.

Директорите на Јувентус синоќа имале средба со агентите на Мората и двете страни сакаат повторно да соработуваат.

Атлетико пак е спремен повторно да го пушти на позајмица, но овој пат со задолжителен откуп за помала сума од 30 милиони евра.

Минатата сезона Мората за Јувентус постигна 12 гола и запиша 9 асистенции,а  неговата желба да остане во Торино најверојатно ќе биде исполнета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…