Шпанскит медиуми изминатата вечер објавија дека Барселона одржала состанок со супер агентот Жорж Мендеш, главни теми на разговорот биле Рубен Невеш, Рафаел Леао и Бернардо Силва, но се зборувало и за Кристијано Роналдо.
Наводно, Мендеш го понудил Роналдо на Барселона. Роналдо не се појави на вчерашниот тренинг на Манлестер Јунајтед, а изговорот бил „лични причини“. Медиумите на големо пренесуваат дека Роналдо сака да си замине и дека работи на тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите блиски до Барселона пренесуваат дека први опција за нападот и понатаму е Левандовски, но и Роналдо може да биде шанса. Барселона како што е познато се уште е во финансиски проблеми, неодамна продадоа 15% од ТВ правата и инкасираа 400 милиони евра кои ќе ги искористат за трансфери.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но не е исклучена можноста во Барселона да размислуваат за Роналдо.