Дома Топ вести Челзи спрема понуда за Кристиано Роналдо

Челзи спрема понуда за Кристиано Роналдо

Челзи сериозно размислува да испрати понуда за Кристиано Роналдо, тврди англискиот медиум „Атлетик“.

Роналдо му соопштил на раководството на Манчестер Јунајтед дека сака да си замине и денес не се појави на почетокот на подготовките.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


37-годишниот Роналдо има договор со „црвените ѓаволи“, но сака да се пресели во клуб каде ќе може да игра во Лигата на шампиони.

Минатиот месец новиот сопственик на Челзи, Тод Боели имал средба со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш и сега „сините“ спремаат понуда.

Манчестер Јунајте не сака да го пушта во директен ривал, но Роналдо прави притисок и не доаѓа на подготовките, туку тренира во Португалија во тренинг центарот на репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…