Дома Фудбал Останато ЛШ награди: Дефанзивецот, играчот за врска и напаѓачот од ист клуб

ЛШ награди: Дефанзивецот, играчот за врска и напаѓачот од ист клуб

Можеби наградата за најдобар дефанзивец можеше да биде во рацете на некој играч од друга екипа, но за играч за врска и напаѓач немаше дилема.

Без сомнеж, човекот кој е во конкуренција за најдобар играч на ЛШ за минатата сезона ја доби наградата за најдобар голман. Станува збор за голманот на Јуве, Џанулиџи Буфон.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тој на голот на Јуве во ЛШ минатата сезона бранеше на 12 натпревари, прими само седум гола, а дури осум пати ја сочува мрежата. Треба да се додаде дека во самото финале прими четири гола од Реал, па на 11 натпревари осум пати ја сочува мрежата, а на останатите три натпревари прими само по еден гол.

По тоа, за време на ждрепката, меѓу промените на шеширите, беше доделена наградата за најдобар дефанзивец, играч за врска и напаѓач од минатата сезона. Сите три награди завршија во редовите на Реал Мадрид, а за најдобар дефанзивец прогласен е Серхио Рамос.

Што се однесува за најдобриот играч за врска, заслужено наградата ја доби хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.

За најдобар напаѓач очекувано е прогласен Кристиано Роналдо. Тој на 13 настапи успеа да постигне дури 12 гола и да запише пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов неуспех за Флик: Два фактора го оддалечија Дијаз од Барселона

Барселона го посакуваше Никo Вилијамс и не успеа, сега го сака Луис Дијаз и според сите по…