На крајот на месецот Дарко Чурлинов треба да се врати во редовите на Штутгарт бидејќи истекува неговата позајмица во Шалке со кој успеа да се врати во најсилната германска лига.
Шалке сака да го задржи македонскиот репрезентативец, меѓутоа тука се прашува и Штутгарт кој има договор со Чурлинов. Сега германскиот „Кикер“ пренесува дека Штутгарт од Шалке за Чурлинов бара три милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Засега не е познато дали Шалке е спремен да ја плати оваа сума, посебно затоа што се најавуваше дека овој тим сака да ги откупи и договорите на Итакур и Донг Ли, како и да доведе лев бек.
Во враќањето на Шалке во Бундеслигата Чурлинов помогна со два гола и седум асистенции.