Дома Трансфер зона Чави: Халанд оди во Манчестер Сити поради пари

Чави: Халанд оди во Манчестер Сити поради пари

Стратегот на Барселона Чави Ернандез си постави цел со Барселона да заврши како второпласиран на табелата во Ла Лига до крајот на сезоната. Со пласманот на втората позиција Барселона би обезбедила учество на шпанскиот Суперкуп каде што веќе свое место си обезбедија, Реал Мадрид, Бетис и Валенсија.

Чави на дешената прес-конференција пред натпреварот против Селта Виго не можеше да ја избегне и темата за Ерлинг Халанд. Утрово се појави вест дека трансферот на Халанд во Манчестер Сити е завршена работа и се ќе биде официјализирано во наредните денови.,

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Халанд се поврзуваше и со Барселона, но на крајот изгледа дека „граѓаните“ побрзо стигнаа до неговиот потпис.

„Не сакам да зборувам кога се уште не е официјално, можете да ме прашате повторно кога се ќе биде потврдено. Дали го „отпишувам“ како можно наше засилување? Ќе бидам искрен со вас, тој за нас е тешка операција. Нашиот фудбалски проект не е единствениот кој е добар. Ако е вистина тоа што го кажувате тогаш Халанд оди во Сити поради пари“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…