Дома Топ вести Челзи ја „краде“ големата желба на италијанските гиганти

Челзи ја „краде“ големата желба на италијанските гиганти

Челзи се вклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Торино, Глеисон Бремер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


24-годишниот Бразилец игра одлична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Бразилецот неодамна го продолжи договорот, но јасно е дека Торино нема да може да го задржи на лето.

Интер и Јувентус силно го посакуваат дефанзивецот, но сега во трката се вклучи и Челзи и е спремен да го „украде“ пред носот на италијанските гиганти.

Приоритет на „сините“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец и веруваат дека Бремер ќе биде идеална замена за Рудигер.

Челзи е спремен да понуди 35 милиони евра за да ја победи конкуренцијата и да го добие потписот на Бремер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…