Дома Топ вести Манчестер Јунајтед спреми 80 милиони за ѕвездата на Бенфика

Манчестер Јунајтед спреми 80 милиони за ѕвездата на Бенфика

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ќе биде примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.

22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично и е на мета на многу европски гиганти, но Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да плати 80 милиони евра за неговиот потпис и наводно веќе започнал преговори со неговиот агент.

„Црвените ѓаволи“ потврија дека на лето сакаат да донесат најмалку еден врвен напаѓач, а најголема желба на Тен Хаг е токму Нуњес.

Уругваецот има и други понуди, но преферира да игра во Премиер лигата и дал зелено светло за трансфер на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…