Живко Мукаетов останува претседател на Ракометната федерација на Македонија иако претходно се појавија некои најави дека може да се повлече од функцијата.




На деншното собрание на РФМ, Мукаетов потврди дека најавил повлекување, но сепак се премислил во таквата одлука.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Претходно најавив мое повлекување затоа што девет години не се воопшто малку. Благодарам на соработката и се што поминавме заедно. Дававме максимум за тоа што работевме. Имаше и успеси и разочарувања, за мене неуспех е што не обезбедивме настап на Олимпијада и на ЕП во Загреб“.




Потврди дека нема да се повлече од функцијата.
„Мислам дека не е вистинското време за такво нешто по се што се случи во претходните два месеци. Освен тоа ни следат обврски како Европското првенство, кадетското Светско првенство и други предизвици“, порача Мукаетов.