Дома Кошарка Ниту трипл-дабл на Јанис не го спаси Мајами: Флег блесна, Јовиќ остана на клупата

Ниту трипл-дабл на Јанис не го спаси Мајами: Флег блесна, Јовиќ остана на клупата

Nikola Jović

Мајами никако да ја прекине почетната црна серија. Далас го совлада со 113:109, па тимот од Флорида по четири одиграни натпревари има исто толку порази, и покрај уште едно силно индивидуално издание на Јанис Адетокумбо.

Во дуелот на двајцата најистакнати кошаркари, Купер Флег имаше одговор за грчката ѕвезда. Кошаркарот на Маверикс постигна 29 поени, но неговиот придонес беше многу поширок: додаде шест скока, 11 асистенции, пет украдени топки и две блокади.

Далас имаше и повеќе расположени стрелци. Пи Џеј Вашингтон запиша 20 поени, а Кајри Ирвинг заврши со 18 поени, шест скока и шест асистенции. Двоцифрени беа и Волтер Клејтон Џуниор со 15 и Макс Кристи со 11 поени.

На спротивната страна, Адетокумбо стигна до трипл-дабл со 29 поени, 14 скока и 11 асистенции. Сепак, ниту таквата статистика не беше доволна за првата победа на Мајами. Гркот, кој летово пристигна на Флорида, сè уште го чека првиот официјален триумф со новиот тим.

Девион Мичел придонесе со 21 поен за Мајами, додека Пеле Ларсон и Ендрју Вигинс постигнаа по 12. Од клупата се истакна Боби Портис, кој оствари дабл-дабл со 10 поени и 12 скока.

Никола Јовиќ, пак, воопшто не влезе во игра. Српскиот кошаркар остана без минутажа во натпреварот по кој Мајами падна на учинок од 0-4.

Фото: Košarkaški savez Srbije / Wikimedia Commons, CC BY-SA 3.0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дубаи го напаѓа врвот, Париз бара излез: Со овој дуел почнува осмото коло

Дубаи со пет победи го пречекува Париз, кој е на 18. место во Евролигата. Натпреварот почн…