Се најавуваа преговори со Фенербахче, но на крајот најдобриот стрелец од ПМФЛ, Мартин Мирчевски кариерата ја продолжува во Србија во редовите на ТСЦ Бачка Тополо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
24-годишниот офанзивец оваа есен блесна со настапите за Академија Пандев и на 18 натпревари постигна 16 голови. Колку значеше Мирчевски за А.Пандев покажува тоа што останатите играчи заедно постигнаа 12 гола.




За Мирчевски ова е прв интернационален трансфер во кариерата. Со Бачка Топола потпиша договор на три години. Во кариерата Мирчевски претходно го носеше дресот на Пелистер, Победа, Трепча и Вардар. Зад себе има настапи во У21 селекцијата и со формата го очекува првиот повик во „А“ репрезентацијата.