Фудбалската репрезентација на Ирак после девет години одигра натпревар во главниот град Багдад.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова беше голем ден за љубителите на фудбалот во Ирак. Кога започна интонирањето на химната трибините згрмеа, а навивачите на крајот задоволни си заминаа дома. Пред 30.000 гчедачи на „Ал-Мадин“ стадионот Ирак ја пречека селекцијата на Уганда и славеше со 1:0.
🏟 Al-Madina Stadium is filling up ahead of #IRQvUGA!
— Soccer Iraq (@SoccerIraq) January 21, 2022
The first ever senior international at Baghdad's beautiful new ground. 🇮🇶🇺🇬 pic.twitter.com/SQzKWmmvSe
Стадионот „експлодираше“ во 17. минута од натпреварот. Ала Абас со спектакуларни ножички погоди за водство од 1:0. Тој гол се покажа како единствен и решавчки. Најважно за Ирак сепак е што конечно одигра домашен натпревар во главниот град.
Сцените од трибините доволно зборуваат.