Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без поголеми проблеми се пласираше во второт около на Австралија Опен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Надал во второт около од првиот гренслем играше против германскиот тенисер Јаник Ханфман и лесно славеше со 3:0 во сетови. Првиот сет траеше 48 минути и веќе беше јасно дека Ханфман тешко ќе успее нешто да направи во овој меч. Надал одлично влезе во мечот и првиот сет го доби со 6:2.
Шпанецот со добрата игра продолжи и во вториот сет и изгледаше како да игра со половина сила. Ханфман имаше нешто посилен отпор во вториот сет, но на крајот и тој сет го освои Надал со 6:3. Третиот сет се играше еден час и на крајот Надал успеа да го добие со 6:4.