Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна 10 поени во вчерашната победа на Валенсија против екипата на Обрадоиро во шпанската лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На домашен терен Валенсија дојде до победа од 91:71, а Димитријевиќ за 16 минути на паркетот постигна 10 поени. Македонскиот кошаркар имаше шут 4/7 и 2/2 слободни фрлања.
Со оваа осма победа Валенсија стигна до 5. позиција на табелата.