Дома Останати Тенис Надал за вакцинацијата: Зошто би се правел дека знам повеќе од докторите?

Надал за вакцинацијата: Зошто би се правел дека знам повеќе од докторите?

Вакцинацијата и понатаму е главна тема пред Австралија Опен.

Поради строгите правила во Австралија во врска со вакциниацијата против коронавирусот и понатаму е неизвесно дали Новак Ѓоковиќ ќе учествува, засега тој е пријавен за настап.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меѓутоа таква неизвесност не постои кај Надал. Шпанецот вчера за првпат настапи после паузата од четири месеци поради повредата на стапалото. На егзибициониот турнир во Абу Даби во два сета Надал беше поразен од Енди Мареј.

После мечот со Мареј на Надал му беше поставено прашањето за вакцинацијата.

„Не сум ниту за, ниту против вакцинација. Само следам што зборуваат луѓето кои се задолжени за здравјето. Зошто би се правел дека знам повеќе од докторите?. Ако луѓето кои многу подобро од нас ја познаваат ситуацијата кажуваат дека треба да се вакцинираме, зошто јас би размислувал поинаку“, порача Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Алкараз донел конечна одлука за Ролан Гарос

Беше под знак прашалник, но Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос во Пари…