Дома Фудбал Останато Дресот на Нејмар го „тресе“ Париз

Дресот на Нејмар го „тресе“ Париз

Нејмар силно го „тресе“ Париз, што покажуваат бројките за време на првиот ден откако стана жител на градот најскапиот фудбалер во светот.

Благодарение на неограниченото катарско богатство, ПСЖ за играчот на Барселона плати неверојатни 222 милиони евра и така го направи најскапиот играч во историјата на фудбалот“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Секако, веднаш беше активирана маргетинската машинерија за навивачите и колекционерите да ја исплатат огромната инвестиција, а пионите на модерниот фудбал се сведени на корисници и потрошувачи кои скапо плаќаат се што им се турне под носот, и реагираа како што се очекуваше.

Уште „во раните зори“ почна да се создава ред на чекање пред „Паркот на Принцовите“ за да се купи дресот на Нејмар, а до крајот на денот распродадени се комплет од контингентот на дресот на Нејмар, дури 10,000 дресови.

Со оглед на тоа што просечната цена од тој дрес е 100 евра, може да се каже дека Катарците во еден ден вратија еден милион од вложените 222 милиони во Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…