Дома Трансфер зона Милан ја сака ѕвездата на Ливерпул бесплатно

Милан ја сака ѕвездата на Ливерпул бесплатно

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги влезе во последната година од договорот и нема најави за негово продолжување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.

Ориги и во летниот преоден рок беше на излезна врата од „Енфилд“, но никој клуб не сакаше да плати 10 милиони фунти, колку што Ливерпул бараше за неговата слобода.

Тој во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови, а се поизвесно е дека на лето како слободен играч ќе го напушти Ливерпул.

Милан сака да ја искористи таквата ситуација и наскоро ќе започне преговори со неговиот агент, а самиот Ориги е отворен за преселба на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…