Реал Мадрид игра одлично во шпанската Ла Лига и во моментов е на првата позиција, а управата на шпанскиот гигант веќе почна да размислува за јануарскио засилувања.
„Футбол инсајдер“ пишува дека едно од засилувањата на „кралевите“ може да биде Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо пристигна во Манчестер како големо засилување, но „црвените ѓаволи“ играат лошо и Ралф Рангник наводно ќе биде дополнителна причина за Португалецот зошто да замине од клубот.
Роналдо според информациите од Островот не е среќен со системот кој го негува германскиот тренер, па затоа сака да си ја побара среќата во тимот каде што ги имаше најдобрите денови.
Португалецот и претходно го напушти Јунајтед за да потпише за Реал Мадрид во 2019 година.