Дома Фудбал Англија Силва: Роналдо може да го чува еден играч, со Меси не е така

Силва: Роналдо може да го чува еден играч, со Меси не е така

Челзи и Манчестер Јунајтед ремизираа во вчерашното дерби од 13. коло во англиската Премиер лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред овој натпревар Мајкл Керик изненади со одлуката Роналдо да го остави на клупата, а Португалецот доби шанса во последниот половина час од ова дерби. После натпреварот во центарот на вниманието беше Тијаго Силва кој новинарите го прашаа дали е потешко да се чува Роналдо или Меси.

Силва имаше неколку дуели против Меси и Роналдо додека играше во Милан и ПСЖ.

„Разликата кога во прашање Меси е дека него не можете да го запрете кога ќе тргне еден на еден на еден или еден на два. Кај Роналдо не велам дека е лесно, но него е доволно да го чува еден играч. Двајцата се големи шампиони, но потешко е да се чува Меси отколку Роналдо“, изјави Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…